Потег за почит: Халанд објасни зошто не се обидел да изнуди исклучување на Габриел (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Ерлинг Халанд вели дека ужива во битките со Габриел, напаѓачот на Манчестер Сити објасни зошто останал на нозе и не пробал да изнуди исклучување на дефанзивецот на вчерашното дерби.

„Граѓаните“ вчера остварија огромна победа, го совладаа Арсенал и се вратија во трката за титулата во Премиерлигата.

Ерлинг Халанд го постигна голот вреден три бода, напаѓачот доби еден дуел со Габриел и ја затресе мрежата за 2-1.

Двајцата водеа жестока битка 90 минути, а во финишот малку фалеше да дојде и до посериозен инцидент.

Многумина сметаат дека Габриел претерал со реакцијата, и дека заслужил црвен картон, кој сигурно ќе го добиеше доколку Ерлинг Халанд паднеше на тревата.

Но Норвежанецот реши да остане на нозе, и со својата изјава само доби дополнителна почит од навивачите.

„Доколку паднев на тревата, сигурно ќе добиеше црвен, но ова не е фудбал, барем не според мене“ – рече напаѓачот на Манчестер Сити.

Запрашан дали кажал нешто за го испровоцира противникот, тој вели: „Не, не кажав ништо. Никогаш не би го сторил тоа… или ајде, можеби понекогаш“.

„Но во овој случај не направив ништо, тој е извонреден играч и секогаш уживам во битките со него“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×