Постигнат е договор за трансфер на Вегхорст во Јунајтед, но Бешикташ ќе го пушти само ако се исполни уште еден услов

by
1 минути читање

Вегхорст е играч на Барнли кој е на едногодишна позајмица во Бешикташ. Па оваа сезона турскиот клуб ги има неговите права.

Фабрицио Романо вели дека Манчестер јунајтед и Бешикташ се договориле. Јунајтед ќе плати околу 3 милиони евра за да го има Холанѓанецот на позајмица до крајот на сезоната.

Но, и покрај тоа што е постигнат договор, Јунајтед ќе мора да почека, Бешикташ треба да најде замена за Вегхорст па тогаш тој ќе добие зелено светло да се пресели на Олд Трафорд.

Се шпекулираше дека Бешикташ преговара за ангажман на Абубакар.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×