196
Рафаел Леао подолго време е во преговори со Милан за продoлжување на соработката но двете страни никако да си подадат рака за нов договор.
Се говори дека клубови од Премиерлигата како Челси и Манчестер Сити им ги реметат плановите на „росонерите“ и му нудат многу повеќе пари на напаѓачот.
Сепак, последните коментари на Рафаел Леао ќе им се допаднат на навивачите на Милан.
„Не ми се допаѓа времето во Лондон“ – вели Португалецот.
За животот во Милано тој додава: „Има многу работи за забава, Дуомо, шопинг центри, ноќни клубови… а и храната е навистина убава“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.