Конго приреди едно од изненадувањата во првото коло од Светското првенство и против Португалија одигра реми 1-1.
Португалија рано стигна до предност, но не успеа целосно да го скрши отпорот на противникот. Конго остана цврст, борбен и доволно храбар за да се врати во натпреварот, а Кристијано Роналдо, иако повторно беше во центарот на вниманието, не успеа да ѝ донесе победа на својата репрезентација.
По натпреварот, играчот од средниот ред на Конго, Нгал Ајел Мукау, доби прашање кое речиси секогаш им се поставува на противниците на Португалија, „дали имале посебен план за запирање на Кристијано Роналдо?“
Фудбалерот на Лил беше искрен во одговорот.
„Посебен план за запирање на Кристијано Роналдо? Искрено, не баш. Знаеме дека веќе не е истиот како порано. Сега е малку повозрасен. Но, и понатаму е еден од најголемите… имам огромна почит кон него“, изјави Мукау.