Порто откри колку пари ќе добие Барса од трансферот на Гонзалес и сподели еден важен детаљ

by bojan
1 минути читање
Нико Гонзалез

По трансферот на Нико Гонзалез во Манчестер Сити, Порто откри колкав дел од колачот ќе и припадне на Барселона, „каталонците“ ќе добијат многу помалку од она што се најавуваше.

„Граѓаните“ овој месец инвестираа преку 200 милиони евра во ангажман на нови играчи, последно засилување за Пеп Гвардиола беше Нико Гонзалез, за кого беа платени 60 милиони евра.

На оваа зделка добро се израдува и Барселона, на клубот од Камп Ноу му следуваа 40% од трансферот, а првичните прости математики велеа сума од 24 милиони евра.

„Каталонците“ сепак ќе инкасираат многу помалку, Порто ги откри деталите и сподели еден важен детаљ.

Порто претходно на Барселона и платил 3 милиони евра за процентот од следниот трансфер наместо 40, да биде 20%.

И овие 20% се однесуваат на разликата помеѓу двете цени (Порто на Барселона и плати 8,5 милиони евра) па „каталонците“ сега ќе добијат 10,3 милиони евра (20% од 51,5 милиони).

Кога ќе се соберат сите суми, од продажбата на Нико Гонзаелс, Барселона ќе инкасира вкупно 21,8 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани