Пораз на Македонија, Грузија оди во бараж (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Македонија беше подобра во најголем дел од натпреварот, но Грузија ја казни лошата ефикасност на нашите фудбалери и дојде до победа од 2-0 која можеше да биде и поубедлива.

Нашите фудбалери добро го почнаа натпреварот, доминираа на теренот и создаваа можности за гол, имавме обиди преку Спировски и Барди, но не дадовме гол.

Казната стигна во 35. минута кога по центаршут на Кварацхелија, топката го удри Миовски и заврши во мрежата на Димитриевски, автогол за водство на Грузија со 1-0.

По примениот гол Македонија падна, Грузија беше подобра до крајот на првиот дел, но резултатот остана непроменет.

И во второто полувреме влеговме подобро, имавме шанси преку Елмас, Миовски, Барди… но повторно не искористивме.

Во 64. минута Дарко Велковски направи голем кикс, ја загуби топката на средината и обезбеди контра на Грузија која ја реализираше Кварацхелија за водство од 2-0. Тука потонаа сите надежи на Македонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×