Поранешниот германски репрезентативец стана тренер и тоа веднаш во Бундеслигата

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот германски фудбалски репрезентативец Сандро Вагнер (37) е нов тренер на бундеслигашот Аугусбург и за негоова е прв самостоен тренерски ангажман во елитната конкуренција.

Својата тренерска кариера ја започна во редовите на понисколигашот Унтерхахинг, со кој успеа да избори пласман во повисок ранг. Подоцна работеше како асистент во младинските категории на германската репрезентација (до 20 години), а од септември 2023 година беше дел од стручниот штаб на селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман.

Вагнер го презема кормилото на Аугсбург само пет дена по отпуштањето на поранешниот тренер Јес Торуп и спортскиот директор Маринко Јурендиќ. Клубот ја заврши сезоната на 12. позиција на табелата во Бундеслигата.

Во својата играчка кариера, Вагнер настапуваше за клубови како: Баерн Минхен, Хофенхајм, Херта, Вердер, Дармштад и кинески Тијанџин. За националниот тим на Германија запиша осум настапи и постигна пет голови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани