Поранешната ѕвезда на Тотнем на 34 години е пензионер: Се надевам на живот без болки…

by 24 фудбал
1 минути читање

Ерик Ламела се огласи од болница по операција на колкот, откако поради долготрајни проблеми беше принуден рано да ја заврши кариерата. Поранешниот фудбалер на Тотнем објави фотографии и видео по зафатот, испраќајќи порака дека се надева на живот без болка.

Малку ме боли, но со новиот колк се надевам дека ова е почеток на живот без болка. Поздрав до сите и благодарам за поддршката“, напиша Ламела.

Аргентинецот претходно откри дека со години се мачел со сериозни проблеми, вклучувајќи оштетена ‘рскавица и напреднат остеоартритис, што на крајот го принудило да стави крај на играчката кариера.

Ламела важеше за голем талент уште во Ривер Плејт, по што настапуваше за Рома и Тотнем, каде остави најголем белег. Подоцна играше и за Севиља, а кариерата ја заврши во АЕК. По пензионирањето, Ламела остана во фудбалот и се врати во Севиља како дел од стручниот штаб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×