Поранешната премиерлигашка ѕвезда се откажа од мисијата за спас на паднатиот француски гигант

by 24 фудбал
1 минути читање

Англискиот напаѓач Енди Керол повеќе не е дел од Бордо. Францускиот клуб официјално објави дека го раскинува договорот со поранешниот репрезентативец на Англија, кој минатото лето пристигна како големо засилување.

Керол одигра 21 натпревар и постигна 11 гола во дресот на Бордо, оставајќи солиден впечаток, но сепак решил да се врати дома во Англија, за да биде поблиску до семејството и своите деца. Клубот му се заблагодари за вложениот труд и му посака среќа во продолжението на кариерата.

Енди Керол беше едно од најзвучните имиња во Премиер лигата пред повеќе од една деценија. Најдобриот период го имаше во дресот на Њукасл, каде постигна 32 голови на 82 натпревари, што му донесе спектакуларен трансфер во Ливерпул.

Но, престојот на „Енфилд“ не го оправда, и оттаму започна бавниот пад на некогашниот голгетер, кој низ годините се сели од клуб во клуб, без поголем успех.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×