Поранешен играч на Сити, кој усмрти брат и сестра во страшна сообраќајна несреќа, почина на 32 години

by bojan
1 минути читање

Кортни Мепен Волтер, кој го напушти Манчестер Сити откако предизвика смрт на две лица во страшна сообраќајна несреќа, почина на 32 години.

Кортни Мепен Волтер важеше за еден од поталентираните фудбалери во школата на Манчестер Сити и беше капитен на репрезентацијата на Англија до 18 години.

Но неговиот живот и кариера целосно се променија во 2012, кога предизвика страшна сообраќајна несреќа. Возејќи со голема брзина, двојно од дозволените 30 милји на час, тој со Мерцедесот на својот дедо, удрил во Нисан Микра, кој излегувал од споредна улица.

Во сообраќајката починале две лица, брат и сестра, а две лица биле повредени. Мепен Волтер признал дека предизвикал смрт со невнимателно возење, за што во 2013 година бил осуден на 18 месеци затвор.

Манчестер Сити веднаш му го раскинал договорот, а по излегувањето од затвор, Мепен Волтер успеал да игра само за нисколигашки клубови, последен ангажман му бил во Бери, клубот кој вчера објави дека играчот починал на 32 години.

„Длабоко сме потресени од веста за смртта на нашиот поранешен играч Кортни Мепен-Волтер, на 32-годишна возраст. Мислите и сочувството на сите клубот се со неговото семејство и пријателите во овој исклучително тежок период“ – се вели во соопштението на Бери.

ФОТО: X/Bury Football Club

Можно е и ова да ти се допаѓа

×