146
Вучиќевиќ потекнува од школата на Црвена звезда, тој беше дел и од првиот тим на црвено-белите, а играше и за Борац Чачак, Спартак Суботица, Сингелиќ, Инџија, Звездара Телеоптик и руска Самара.
Тој е поранешен младински репрезентативец на Србија во селекциите до 17, 18 и 19 години. Игра на позицијата напаѓач и има 24 години.
„Драго ми е што доаѓам во овој клуб и се надевам дека со своите игри ќе успеам да помогнам за Македонија ЃП да дојде до својата цел“, изјави Вучиќевиќ.
Претходно Македонија ЃП потпиша со Фахрудин Ѓурѓевиќ, Емир Скендери, Христијан Пецов, Бојан Илиевски, Александар Ѓорѓиески, Џон Мена и Фисник Зука.