Поради свастиката на Пољуд, Хрватска и против Англија ќе игра без публика (ФОТО)

by
1 минути читање

Првиот домашен натпревар на Хрватска во Лигата на нациите ќе се одигра пред празни трибини. Се уште не е јасно на кој стадион ќе биде мечот, но на него нема да присуствуваат гледачи.

Во 2015. година на мечот помеѓу Хрватска и Италија кој се играше на Пољуд, на теренот имаше свастика. УЕФА по истрагата ја казни Хрватска со два натпревари пред празни трибини.

„УЕФА може да потврди дека натпреварот од УЕФА Лигата на нации помеѓу Хрватска и Англија на 12. октомври 2018 година ќе се игра без гледачи“, стои во соопштението.

Ова е вториот натпревар на кој Хрватска ќе игра без публика, претходно пред празни трибини се одигра мечот против Бугарија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани