Поради расистичка гестикулација за него Мундијалот останува сон (ФОТО)

by
1 минути читање

Селекцијата на Колумбија
за Мундијалот во Русија идната година ќе биде ослабена за фудбалерот на Бока
Јуниорс, Ерик Кардона, кој на пријателскиот меч против Јужна Кореја направи
гестикулација која се најде на тапет на Дисциплинската комисија при ФИФА.

Кардона имаше расистичка
гестикулација кон дел од репрезентативците на Јужна Кореја во мечот кој се
одигра минатиот месец каде Колумбија загуби со 2-1, а очекувањата се тој да
добие пет меча суспензија.

Иако 24 годишниот
позајмен фудбалер од мексикански Монтереј можеше да запише настап на еден голем
фудбалски настан како Светското првенство, тој ќе биде суспендиран на
Мундијалот во Русија. За сениорскиот состав на Колумбија почна да настапува по
Мундијалот во Бразил во 2014. година.

Колумбија на Мундијалот
се најде во групата „Х“ која ја сочинуваат и селекциите на Јапонија, Полска и
Сенегал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани