Поради поздравот за Украина, Хрватска го избрка Вукојевиќ од репрезентацијата!

by
1 минути читање

Хрватската фудбалска федерација донесе одлука да го избрка Вукојевиќ од стручниот штаб и да се извини на Русија за немилиот настан.

Вукојевиќ заедно со Вида по победата над Русија постираа видео во кое извикуваат пораки за поддршка на Украина. Ваквата изјава доби политчка конотација поради нарушените односи меѓу Русија и Украина. ФИФА ги опмена двајцата, а Хрватската федерација го отпушти Вукојевиќ, но не и Вида кој како фудбалер ќе му биде повеќе потребен на Далиќ.

„Хрватската фудбалска федерација на овој начин и се извинува на руската јавност за постапката на членот на стручниот штаб на репрезентацијата“, е дел од соопштението на федерацијата.

Вукојевиќ без многу забелешки ја прифати одлуката.

„Ја разбирам и почитувам одлуката на Хрватската фудбалска федерација. Не би сакал да бидам товар на репрезентацијата во пресрет на исклучително важното полуфинале на Светското првенство кога е најпотребен мир. Во мојата изјава немаше никаква политичка конотација, сакав само да се заблагодарам за поддршката на пријателите во Украина и мојот клуб, киевски Динамо кој ми овозможи да бидам дел од Светското првенство. Но разбирам дека тие изјави можат да се протолкуваат и на поинаов начин. Поради тоа ми е жал и се извинувам на руската јавност ако ги доживеале моите изјави на таков начин. Исклучително сум горд на она што го направи Хрватска досега во Русија и на момците им посакувам многу среќа во преостанатите натпревари. Ќе бидам нивниот најголем навивач до самиот крај“, изјави Вукојевиќ кој беше скаут во стручниот штаб на Далиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани