Поради Македонија, Мунир нема да игра на Светското првенство

by
1 минути читање

Мунир е роден во Шпанија, но има потекло од Мароко и оваа селекција посакуваше тој да настапи за нив на Светското првенство во Русија бидејќи одамна не е во плановите на Шпанците.

Но проблем е настапот на Мунир за Шпанија, тој на 8. септември 2014 година на мечот кој фуријата го играше против Македонија во игра влезе во последните петнаесетина минути. Тоа беше негов единствен настап за Шпанија поради кој не може да ја промени репрезентацијата.

Мароко и Мунир се жалеа на одлуката на ФИФА, но Арбитражниот суд во Лозана ги одби, па тој нема да може да настапи на Мундијалот во Русија поради минутиите кои ги одигра со Македонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани