Понудата на РБ Лајпциг од 30 милиони евра донесе искри, агентот на Елмас му се заканил на Де Лаурентис

by
1 минути читање

Елиф Елмас има ограничена минутажа на стартот од новата сезона, но и покрај тоа, Наполи нема намера да го продаде Македонецот.

РБ Лајпциг бил подготвен да плати околу 30 милиони евра за ангажман на Елиф Елмас, но Аурелио Де Лаурентис остро одговорил со „НЕ“.

Ова не му се допаднало на агентот Фали Рамадани, кој влегол во конфликт со првиот човек на Наполи и му се заканил дека Елиф Елмас нема да го продолжи договорот кој истекува во јуни 2025 година.

При едно вакво сценарио, Наполи ќе биде приморан да го продаде Македонецот следното лето, и прашање е дали ќе може да инкасира 30 милиони евра, со оглед на тоа дека Елиф Елмас ќе има само уште една година од договорот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани