Поништен чист гол на Фиорентина, сите се чудат на одлуката (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На мечот од Конференциската лига меѓу Фиорентина и Брага се случи бизарен момент, чудна одлука на судијата која предизвика многу реакции.

Во 50. минута од натпреварот Карбал постигна гол, топката ја мина гол линијата со цел обем. Тоа го покажа гол технологијата. Но судијата реши да не ѝ верува па се консултираше со ВАР и го поништи голот.

Од снимката на гол-технологијата убаво се гледа дека топката со цел обем ја минува линијата.

Во финишот од мечот, Кабрал повторно постигна гол и реши да направи ВАР прослава со што на некој начин го исмеа системот.

За среќа поништениот гол немаше никакво влијание врз резултатот, Фиорентина го доби мечот со 3-2 и со вкупни 7-2 се пласира понатаму.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×