64
Франција е голем фаворит во дуелот со Австралија, но во првото полувреме мака мачат да создадат посериозна прилика за гол.
Почнаа фуриозно, Мбапе уште во втората минута имаше убава шанса за гол, брзо потоа обид имаше и Гризман и потоа застанаа.
Најубавата прилика ја имаше Австралија, по еден центаршут, Толисо ќе си дадеше автогол, но Хуго Лорис го одбрани несреќниот удар.
Франција во второто полувреме мора да покаже многу повеќе за да ги освои трите бода од овој натпревар.