Полицијата од Лас Вегас издаде налог, бараат ДНК примерок од Кристијано Роналдо

by
1 минути читање

Португалецот
изминативе месеци е во центарот на вниманието на медиумите не само поради
рекордниот трансфер во Јувентус и одличната голгетерска форма во Серија А, туку
и поради работи кои не се поврзани со фудбалот.

Весникот „Шпигел“
повикувајќи се на документи од Фудбал Ликс објави дека ЦР7 во 2009 силувал
девојка, но потоа и платил 375.000 долари за да молчи. Подоцна се огласи и
самата девојка, Катрин Мајорга која детално опиша што се случувало во
хотелската соба на Португалецот во Лас Вегас.

Па беше отворена
истрага и како дел од процесот, полицијата од Лас Вегас сега изадала налаг за ДНК
примерот од Кристијано Роналдо. Како што пишува „Вол стрит џурнал“ налогот веќе
е доставен до судскиот систем во Италија.

Кристијано
Роналдо постојано категорично демантираше дека ја силувал Катрин Мајорга.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани