Полицијата ја заврши потрагата по фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон кои исчезнаа со авионот на патот од Нант до Кардиф во понеделникот.
Три дена траеше потрагата по авионот кој се претпоставува дека е урнат во Ла Манш, но резултати немаше.
„И покрај сите напори во потрагата околу Каналсите острови која опфати област од околу 1,700 милји и која ја поминавме повеќе пати од еднаш, како и обидот да се лоцира мобилниот телефон преку сателит, не успеавме да најдеме никаква трага од исчезнатиот авион во кој имаше еден пилот и еден патник. Имавме активно пребарување кое траеше 24 часа, со вкупно 80 часа пребарување преку воздушен пат, со три авиони е пет хеликоптери. Беа вклучени и два чамци за спасување, а имавме и помош од бродови. Шансите за преживеани во оваа фаза се екстремно мали. Нашите мисли се со семејствата на пилотот и патникот. Ги искористивме сите можни средства и сите можни ресурси да истражиме најдобро што можеме, благодарност за сите кои учествуваа во потргата. Последната потрага по исчезнатиот авион по воздушен пат штотуку заврши. Но, иако веќе нема да пребаруваме активно, оваа незгода останува отворена и ќе бидеме во контакт со сите бродови и со сите авиони од оваа област“, стои во соопштението на капетанот Дејвид Беркер.