Тотнем имаше блескава партија во ФА купот иако одмори дел од своите најдобри фудбалери. Фернандо Љоренте постигна хет-трик.
Во 75. минута при водство од 6-0 Покетино реши да го стави во игра Хари Кејн, потег кој поголемиот дел од тренерите не би го направиле бидејќи нема причина за ризик и при јасна победа да го става својот најдобар напаѓач.
Но, Покетино вели дека тоа го направил поради почит кон навивачите кои дошле на стадионот, бидејќи Кејн е англиска фудбалска икона, а тие немаат многу шанси да го видат како игра во живо.
„Тоа беше поради почит. Почит за луѓето тука, почит за противникот. Важно е да покажете почит за луѓето тука кои дошле да го видат Хари Кејн кој е икона на англискиот фудбал“, вели Маурисио Покетино.
Кејн во 82. минута постигна гол и ги постави конечните 7-0.