Аргентинецот, кој
се посочува како прв кандидат за наследник на Зинедин Зидан, денеска во
Барселона ја промовираше својата автобиографска книга па овој настан беше
искористен од страна на медиумите да стигнат до што е можно повеќе информации
за можноста Маурисио Покетино да се пресели на Сантијаго Бернабеу.
Стратегот посочи
дека е среќен во Тотененхем со кого минатата недела потпиша нов пет годишен
договор, но ја подотвори вратата и порача дка кога Реал Мадрид ќе ве побара
мората да слушнете што има да кажат „Кралевите“.
Тој исто така
испрати предупредување до Флорентино Перез дека преговорите со првиот човек на
Тотенхем, Даниел Леви воопшто нема да бидат лесни.
„Неодамна ја
продолжив соработката со Тотенхем и среќен сум во Лондон” – вели Покетино. „Горд сум на довербата
која ми ја укажаа Спарси. Тоа е многу важно за мене“.
„Но кога Реал Мадрид
ќе ве побара, морате да слушнете што има да кажат. Сепак, не зависат сите работи од
мене. Ставив потпис на долгогодишен договор со Тотенхем“.
АС утрово пренесе
дека во новиот договор на Маурисио Покетино нема откупна клаузула, а ниту пак стратегот
има вербален договор со лидерите на клубот за ослободување од обврските доколку
тропне некој гигант или во овој случај Реал Мадрид.
Самиот Покетино го
потврди ова и ги предупреди Перез и Реал: „Бидете внимателни, Леви каса!“