„Сините“ можеби извисија со трансферот на Ламин Камара од Монако, но не се откажуваат од идејата да донесат замена за Енцо Фернандез и оствариле контакт со Џини Вајналдум, кој е слободен играч.
Последниот ден од летниот преоден рок го донесе најголемиот трансфер ова лето, Манчестер Сити од Челси го купи Енцо Фернандез за 125 милиони фунти, односно околу 145 милиони евра.
„Сините“ решија Аргентинецот да го заменат со Ламин Камара, и по долги преговори со Монако договорија трансфер од 47 милиони фунти, или околу 55 милиони евра.
И покрај тоа што документите биле потпишани, клубот од малото кнежевство во последен миг се повлекол од зделката, не дозволил Сенегалецот да се пресели на „Стемфорд Бриџ“ и го остави Челси со празни раце.
Но очигледно Челси не се откажува од идејата да донесе замена на Енцо Фернандез и последните информации говорат за шокантен трансфер.
Бил остварен контакт со Џини Вајналуд, и на поранешниот играч на Њукасл и Ливерпул му била понудена можноста да се врати во Премиерлигата, Холанѓанецот е слободен агент, па може да потпише и покрај тоа што преодниот рок веќе заврши.
Џини Вајналдум поседува огромно искуство на највиско ниво, одлично ја познава Премиерлигата, уште поважно, имаше феноменална сезона со Ал Етифак во Саудиска Арабија, каде постигна 17 погодоци и забележа 7 асистенции на 34 натпревари.
ФОТО: X/Chelsea FC