Погледнете како изгледа најдобриот стрелец на У-17 Африканскиот куп на Нации кој има 14 години

by Стефан
1 минути читање

Младата фудбалска репрезентација на Танзанија до 17 години се закити со титулата африкански шампион, откако во големото финале на Африканскиот куп на нации ја совлада селекцијата на Сенегал.

Но, иако успехот на Танзанија беше во центарот на вниманието, по завршувањето на турнирот најмногу се зборува за еден играч, Дисмас Атанаси. Талентираниот напаѓач со три погодоци заврши како најдобар стрелец на шампионатот, но неговите настапи отворија и бројни прашања на социјалните мрежи.

Според официјалните податоци, Атанаси е роден на 26 декември 2011 година и има само 14 години. Сепак, многу корисници на интернет изразија сомнеж во веродостојноста на тие информации, посочувајќи дека фудбалерот изгледа значително повозрасно од возраста која му е наведена во документите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×