Погледнете како Арсими во последните минути од 1-3 ја сврте на 4-3 против Тиквеш во Кавадарци (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Арсими го направи еден од најлудите пресврти во македонскиот фудбал откако постигна три гола во самиот финиш од натпреварот и го победи Тиквеш на негов терен со 4-3.

Во Кавадарци, пак, публиката сведочеше на вистински трилер. Тиквеш имаше водство од 3-1, но на крај остана празни раце, Арсими направи неверојатен пресврт и славеше со 4-3.

Домашните започнаа одлично, и со двата гола на Садик по првиот дел водеа со 2-0. Гостите намалија на стартот на вториот дел преку Шефити, но Ивановски со ефектен гол во 54. минута донесе ново водство од два гола за Тиквеш.

Кога сите очекуваа мирен финиш, следеше шок за домашната публика, Шефити во 84. и 87. минута комплетираше хет-трик за израмнување, а во судиското продолжение Таипи донесе целосен пресврт и голема победа за Арсими.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×