Главен гостин во емисијата е репрезентативецот Бобан Николов, а во рубриките гостуваат: Тони Зен, Дарја Андовска и Горан Кипријановски – Кипре. Автор и водител на овој проект е Саше Љолес, кој воедно минатата година ја напиша и навивачката песна за ЕУРО 2020, „Одиме на европско“.
Линк од каналот на SPORTCAST.MK каде што можете да ја погледнете епизодата: https://www.youtube.com/watch?v=YRfZkYsBIkM
Претплатете се на овој канал на јутјуб, и следете го SPORTCAST.MK на фејсбук и инстаграм.
На истиот Youtube канал можете да ја проследите и првата епизода која беше посветена на нашиот репрезентативец, Дарко Чурлинов. Наскоро доаѓа и третата епизода во која гости се Селекторот на фудбалската репрезентација, Сер Благоја Милевски и вториот најдобар стрелец во историјата на Македонија и стрелецот на историскиот гол против Италија, Александар Трајковски.