Погба во одбрана на Ибрахимовиќ: Тој расист? Не се шегувајте!

by
1 минути читање

Пол Погба застана
во одбрана на Златан Ибрахимовиќ по конфронтацијата со Ромелу Лукаку на дербито
помеѓу Милан и Интер, инсистирајќи на тоа дека ветеранот не е расист.

Приказна од пред три години стои зад провокацијата на Ибра до Лукаку, еве што толку го погоди напаѓачот на Интер

Златан…
расист? Тој ме сака толку многу, тој би бил последната личност кој би бил
расист, ајде, не се шегувајте со ова!
“ напиша Погба на социјалните мрежи.

Ибрахимовиќ, кој
играше со Погба во Манчестер јунајтед во текот на 18 месеци минати на „Олд
Трафорд“, исто така демантираше дека постои расизам во конфронтацијата со
Лукаку.

Во светот на
Златан нема место за расизам, ние сите сме исти, еднакви! Сите сме фудбалери,
некои подобри од останатите
“ напиша Ибрахимовиќ на социјалните мрежи, а во објавата сигурно индиректно го „пецна“ Лукаку, со тоа што бил подобар од него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×