Гендузи доби жестока казна, нема да игра на половина од лигашката фаза во ЛШ!

by riste
1 минути читање

УЕФА ги казни Гендузи и Гринвуд за недоличното однесување на мечот меѓу Лион и Фенербахче кој го доби турскиот тим.

Фенербахче победи со 2-1 и обезбеди место во лигашкиот дел од Лигата на шампионите. Мечот во Лион изобилуваше со тензија и инциденти, особено по последниот судиски свиреж.

Во инцидентите главен беше Гендузи кој како поранешен играч на Марсеј беше посебна мета на фановите на Лион.

Гендузи за своето недолично однесување е суспендиран четири натпревари и ќе треба да плати парична казна од 50.000 евра.

Суспензија доби и Гринвуд, но само од еден меч, ќе треба да плати и 30.000 евра парична казна.

Фенербахче е казнет со 95.000 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×