27
Бетис со 1-0 го победи Реал Мадрид во меч со многу тензија, прв пораз за кралскиот клуб под водство на Жозе Мурињо.
Реал Мадрид беше подобар противник, имаше повеќе шанси, но одбраната и голманот на Бетис правеа чуда.
Фудбалерите на Реал Мадрид двапати ја погодија пречката, еднаш стативата, а Мбапе во судиското продолжение промаши и пенал.
Единствениот гол на мечот се случи во 81. минута кога Парот постигна гол за водство на Бетис од 1-0.
Реал Мадрид се израдува на израмнување брзо потоа, но голот на Еспи беше поништен со ВАР.
Потоа беше тој пенал на Мбапе кој одбрани голманот Ваљес. Тој имаше повеќе фантастични интервенции на овој меч.