24фудбал

Приказна од пред три години стои зад провокацијата на Ибра до Лукаку, еве што толку го погоди напаѓачот на Интер

Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку имаа жесток дуел и малку фалеше да дојде до тепачка, приказа од пред три години стои зад провокацијата.

Италија

Кон крајот на првиот дел на дуелот помеѓу Интер и Милан во Купот на Италија, малку фалеше да дојде до тепачка помеѓу Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку. 

Белгиецот ги загуби нервите и сакаше да се пресмета со Швеѓанецот. Се шпекулира дека фудбалерот на Интер збеснал поради тоа што Златан Ибрахимовиќ ја навредил неговата мајка.

Тешко е да се каже што дофрлил Швеѓанецот, но голем број извори пишуваат дека тој рекол „Оди прави вуду срања, магаре едно“.

Ова всушност е приказна стара три години, првиот човек на Евертон во 2018 изјави дека Ромелу Лукаку требал да ја продолжи верноста, новинари чекале пред тренинг комплексот, фудбалерот дошол да стави потпис но се паднало во вода во последен миг.

Сред состанок се јавила мајката на Ромелу Лукаку, која била на аџилак во Африка и разговарала со вуду магионичар кој порачал дека фудбалерот треба да направи трансфер во Челси.

„Потрошив две лета во обидите да го убедам Ромелу да остане. Првото лето, потрошив три месеци со неговиот агент, него, неговата мајка и неговото семејство и успеав да го задржам додатни 12 месеци” – рече Фархад Мошири во 2018.

„Потоа, минатото лето му понудивме подобар договор од оној на Челси. Секоја понуда на Челси ние ја изедначивме, но тој не сакаше да остане. Во тоа време сакаше да игра за Челси”.

„Можам да ве осигурам дека сторивме се што можевме за да го задржиме. Ако ви кажам каква плата му понудивме, нема да ми верувате. Му понудивме подобра плата од онаа која му ја нудеше Челси и неговите агенти дојдоа во Финч Фарм да стават потпис на договорот. Роберт Елстоун (главниот извршен директор на Евертон) исто така беше таму, сите коцки се поклопија и одеднаш сред состанок, Ром се јави на неговата мајка. Таа беше на аџилак во Африка и вуду магионичар рекол дека тој треба да оди во Челси и тука пропадне се. Кога замина во Лос Анџелес, повеќе не планираше да се врати”.

Ромелу Лукаку тогаш го негираше ова и се закани со тужба. Тој исто така не се пресели во Челси и направи трансфер во Манчестер јунајтед.