Го победи па рече: Луис Енрике е најдобриот тренер на сите времиња!

by riste
1 минути читање

ПСЖ има катастрофален старт на сезоната во Лига 1, поминаа три кола а тие уште немаат победа, синоќа го загубија дербито со Монако и тоа на свој терен.

Тренер на Монако е Филипе Луис, поранешниот фудбалер на Челси и Атлетико Мадрид.

Тој со голем успех го водеше Фламенго во Бразил, а од оваа сезона го презема кормилото на Монако.

Во своето прво соочување со Луис Енрике излезе како победник и тоа на гостински тренер. Но, по крајот на мечот даде интересна изјава.

„За мене Луис Енрике не е само најдобриот тренер во светот сега, тој е еден од најдобрите на сите времиња. Од него можам само да учам“, рече скромниот Филипе Луис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×