Под водство на Спалети скокнаа цените на фудбалерите на Наполи, Елмас сега вреди речиси двојно повеќе

by
1 минути читање

Лучано Спалети
пристигна во Наполи во 2021 година
и за кратко време успеа да склопи тим кој оваа
сезона „гази“ во Серија А и е на добар пат да го прекине долгиот пост и да го
освои првото Скудето по 33 години.

Тренерот исто
така успеа значително да ја зголеми вредноста на играчите, речиси сите
фудбалери сега вредат повеќе.

Според анализата
која ја направи Кориере дело Спорт, нашиот Елиф Елмас вреди речиси двојно
повеќе, односно беше купен за 16,5 милиони евра, а сега се проценува на околу 30
милиони евра.

Најголем скок има
летното засилување Квича Кварацхелија
, за кого беа одвоени околу 11,5 милиони евра а Грузиецот сега вреди 120
милиони евра.

Виктор Осимен, за
кого беа инвестирани 80 милиони евра, сега се проценува на околу 150 милиони евра,
а голем скок има и вредноста на уште едно летно засилување, за дефанзивецот Ким
беа платени околу 19 милиони евра а тој сега има вредност од 60 милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани