Почина легендарниот Ќиро Блажевиќ

by
1 минути читање

Блажевиќ од 2011 година се бореше со рак, двапати ја победи оваа болест, но не можеше и по третпат. 

Харизматичниот Блажевиќ вечно ќе биде запаметен по бронзениот медал кој ѝ го донесе на Хрватска на Светското фудбалско првенство во 1998 година.

Покрај Хрватска, тој во својата кариера беше селектор и на Иран и Босна и Херцеговина. Тренерската кариера ја започна рано, на 33-годишна возраст во швајцарија, рабоеше во клубови како Динамо Загреб, Ријека, Грасхопер, Нант, ПАОК, Хајдук, Ксамакс. Како фудбалер има настапувано за Динамо, Локомотива, Сараево, Ријека и Сион.

Блажевиќ за свој најголем успех во кариерата ја смета шампионската титула со Динамо Загреб во 1982 година. Прва за хрватскиот гигант по 24 години.

„Успехот со Динамо Загреб е врвот на мојата кариера. Секоја чест за бронзата во Франција, но титулата со Динамо ми е круна на се што направив како тренер“, велеше Блажевиќ.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани