Стиков беше последниот претседател на Здружението на спортски новинари на Југославија и еден од основачите на Македонскиот олимписки комитет. Добитник е на бројни награди и признанија, вклучувајќи го и престижниот Трофеј за спорт и медиуми од Меѓународниот олимписки комитет во 2004.
Како уредник на Спортската програма на Македонското радио создаде плејада новинари и репортери. Во 1969 година ја основа најдолговечната специјализирана спортска програма Спорт, музика, спорт и известуваше од седум Олимпијади и голем број европски и светски првенства.
Погребот на посмртните останки ќе биде во петок, 22 септември во 11часот на Градските гробишта Бутел во Скопје (капела во 10 часот), а комеморативната седница ќе се одржи во понеделник, 25 септември во 11 часот во просториите на Македонската радио-телевизија.