Со синоќешните натпревари беше комплетирано првото коло од Светското клупско првенство, а од денеска почнува второто во кое веќе ќе може да се види кои екипи испаѓаат од групната фаза, а кои ќе имаат шанси да одат во елиминационата рунда.
Денот почнува со дуелот меѓу Палмеирас и Ал Ахли. Овие две екипи се дел од групата А во која не падна ниту еден гол во првите дуели, завршија 0-0.
Дуелот меѓу Палмеирас и Ал Ахли е од 18 часот, а од 21 часот Интер Мајами ќе се сретне со Порто.
На полноќ Атлетико Мадрид ќе има шанса за поправен по дебаклот од ПСЖ. Тимот на Симеоне ќе се сретне со Сиетл Саундерс и опцијата им е само победа.
Во три часот по полноќ ПСЖ ќе се сретне со Ботафого, двете екипи имаа победнички старт на турнирот.