Голем број на извори пренесуваат дека Челси и Комо си подале рака за трансфер на Тревох Чалоба вреден околу 30 милиони евра, плус додатни 6 милиони евра во бонуси.
Чаби Алонсо минатата недела изјави дека сака на располагање да има четири или пет централни дефанзивци, и тоа значи голема чистка во овој дел од тимот со оглед на тоа дека во моментов „сините“ имаат дури 10 фудбалери од ваков проил.
Прв кој ќе го напушти „Стеморд Бриџ“ е Тревох Чалоба, голем број на извори објавија дека Челси си подал рака со Комо за трансфер вреден околу 30 милиони евра, плус додатни 6 милиони евра во бонуси.
Следен кој може да замине е Беноа Бадиашиле, во завршна фаза се преговорите за негова преселба на позајмица во Наполи.
Кристал Палас пак прави напори да го ангажира Аксел Дисаси, исто така на позајмица до крајот на сезоната.
ФОТО: X/Chelsea FC