Почина легендарен нигериски голман, бранеше на две Светски првенства!

by riste
1 минути читање

Поранешниот голман на Нигерија, Петер Руфаи почина по тешко боледување на 61-годишна возраст.

Руфаи со недели се борел со сериозни здравствени проблеми, а неговата состојба нагло се влошила во последните денови.

„Ова е голем удар за нигерискиот фудбал. Последен пат го видов пред околу недела дена. Беше многу ослабен, но ми рече дека се чувствува добро“, изјави претседателот на федерацијата, Ибрахим Гусау.

Руфаи бранеше за Нигерија на две Светски првенства – во 1994 и 1998 година, на кои беше прв голман во селекцијата. Тој беше и клучен член на генерацијата што ја донесе историската титула на Африканскиот куп на Нации во Тунис во 1994 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×