Почетни состави: Агуеро од првата минута против Тотнем, Клоп со три измени од последниот меч на Ливерпул

by
3 минути читање

Тотнем –
Манчестер Сити е дерби дуелот од вечерашните две пресметки на стартот од
четвртфиналето од Лигата на шампионите, а мечот во Лондон е дуел на два
Премиерлигаши кои имаат квалитетни состави кои ветуваат многу на европско тло.

Последната
меѓусебна пресметка помеѓу овие две екипи го доби Манчестер Сити, и тоа
минимално со 0-1 на терен на противникот, а Граѓаните славеа и во мечот пред
тој, исто на гостински терен со 1-3 во рамките на Премиерлигата ланската
година.

Дали ќе продолжи
серијата победи на Манчестер Сити над Тотнем, ако се земе во предвид дека тимот
на Гвардиола има четири победи во низа во меѓусебните пресметки со Тотнем,
останува да видиме вечерва на дуелот во Лондон.

Пеп Гвардиола во
пресрет на мечот изјави дека не знае колку неговиот тим е свеж, додаде дека
умот ги контролира нозете, а неговиот опонент од спротивниот табор, Маурисио
Покетино
истакна дека ќе се обидат да доминираат пред своја публика.

Иако постоеше
мала неизвесност околу Агуеро, сепак аргентинскиот напаѓач ќе почне од првата
минута, а кај домаќините поради повреда ќе отсуствуваат Орие, Даер и Ламела,
нешто што сигурно не влијае во изборот на Покетино, кој направи само една
измена во однос на последниот меч, Винкс ќе стартува во средината на местото на
Дејвис во формациска поставеност од 4-2-3-1, наспроти .

Тотнем: Лорис, Трипие, Роуз, Алдервирелд,
Вертонген, Сон, Винкс, Кејн, Сисоко, Али и Ериксен.

Манчестер Сити:
Едерсон, Вокер, Стерлинг, Гундоган,
Агуеро, Лапорт, Делф, Силва, Фернандињо, Марез и Отаменди.

Ливерпул е во
серија од пет победи во низа во сите конкуренции, а исто како и Порто, и обете
екипи се борат за титулите во домашните шампионати. Ливерпул е прв во
Премиерлигата со два бода предност во однос на Манчестер Сити, но и меч повеќе,
а Порто во Примеира Лига е на делба на првото место заедно со Бенфика.

Двете екипи се
борат на два фронта, а од обата табора во пресрет на нивниот двобој се
најавуваше офанзивна игра и момент кој не треба да се пропушта, особено за
гостите кои дефинитивно немаат што да загубат.

Клоп направи три
измени во однос на победата над Саутемптон во петокот, Ловрен се враќа во
дефанзивната линија, а Милнер ќе го замени суспендираниот Робертсон на левата
бековска позиција. Капитенот Хендерсон е префериран избор за германскиот
стратег во однос на Вијналдум кој се здоби со повреда на последниот меч на
Ливерпул.

Ливерпул: Алисон, Фабињо, Ван Дајк, Ловрен, Милнер,
Кеита, Фирмино, Мане, Салах, Хендерсон и Александер-Арнолд.

Порто: Касиљас, Переира, Милитао, Торес, Марега,
Телес, Корона, Данило, Отавио, Фелипе и Соареш.


Утре се среќаваат
Ајакс – Јувентус, односно Манчестер јунајтед – Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани