152
Ниту една од четирите екипи кои се борат за место во Првата лига денеска не кикснаа, Брегалница, Скопје, Охрид и Шкендија Арачиново остварија победи.
Лидерот Брегалница со минимални 1-0 триумфираше на гостувањето кај Детонит Плачковица.
Најубедлив беше Скопје кој со 7-0 ја совлада Каменица Саса, а седум гола имаше и на мечот меѓу Охрид и Преспа, домаќините триумфираа со 6-1.
Убедлива победа славеше и Шкендија Арачиново која со 5-0 беше подобра од Победа.
Осогово со 2-1 го победи Тетекс, Слога Виница и Вардар Неготино одиграа 3-3, а немаше голови само на дуелот меѓу Беласица и Кожуф.
Утре се игра мечот меѓу Големо Коњари и Новаци.