Победа на втората контролка: Младите фудбалери со гол во 90. минута се реваншираа на БиХ

by Стефан
1 минути читање

Младата репрезентација на Македонија до 17 години славеше минимална победа со 1:0 против соодветната селекција на Бих во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски”.Избраниците на селекторот Капинковски одиграа многу подобар и поквалитетен натпревар во однос на прва меѓусебна средба и успеаа да издвојуваат минимална победа буквално во последните минута од средбата.

Стрелец на победничкиот погодок на Македонија беше Хоџа во 90. минута.

На првата контролна средба, селекцијата на Босна и Херцеговина славеше победа со 3:1.

Македонија: Александар Трајков, Мухамед Мустафи, Лорент Жаку, Давид Ангелевски, Димитар Хоџа, Стефан Стаматоски, Флорент Османи, Иван Танчев, Малик Дурак, Стефан Секирски;

Резерви: Антониј Трајковски, Дарко Јовчев, Албан Рочи, Мартин Џангаровски, Матео Кесиќ, Ненад Дамјаноски, Александар Грашески, Стефан Бранковски, Христијан Јевтоски, Дамјан Буцевски, Назиф Цека, Иво Марковски;

Селектор: Димитар Капинковски;

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани