По три дена преговори, Јувентус и Алегри одлучија да се разделат!

by
1 минути читање

Јувентус и Макс Алегри се разделија. Тренерот три дена преговараше со Ањели, Недвед и Паратичи за иднината, но на крајот двете страни не успеаја да најдат заеднички јазик. Се верува дека преговорите запнале околку реконструкцијата на тимот и кои играчи да бидат продадени. Стратегот барал големи промени додека лидерите на Јувентус сметале дека веќе имаат прилично конкурентен состав.

Па по пет години поминати на кормилото на Јувентус, Макс Алегри по крајот на сезоната заминува од Торино.

„Макс Алегри нема да биде на тренерското столче на Јувентус за сезоната 2019/2020. Тренерот и претседателот Андреа Ањели утре ќе се појават пред медиумите на прес конференција која ќе се одржи во 14 часот на „Алианц“ стадинот“ – гласеше известувањето на „Старата дама“.

Пеп Гвардиола е сонот на Андреа Ањели, но воопшто нема да биде лесно да се стигне до потписот на Шпанецот. Сепак, заканата за казна од УЕФА и исфрлање од Лигата на шампионите на Манчестер Сити остава простор за надеж. Маурисио Покетино и Дидје Дешам исто така се опции, како и Антонио Конте, кој се пишува дека е многу блиску до Интер.

Што се однесува до Макс Алегри, тој може да одмара една година или да замине во Премиерлигата. ПСЖ и Барселона исто така би можеле да бидат следна дестинација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани