По шест години се врати во европскиот фудбал: Мурињо доби звучно засилување

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Фенербахче доведе засилување во своите редовви и потпиша договор со Бразилецот Талиска кој со овој трансфер по шест години се враќа во европскиот фудбал.

Талиска кој има 30 години во 2019 година ја напушти Бенфика и потпиша богат договор со кинескиот Гвангжу Евергранде, додека во 2021 година помеѓу првите звучни имиња се пресели во Саудиска Арабија.

Клубот за кој настапуваше од 2021 година до денес беше Ал Наср каде што подоцна пристигна и Роналдо, но сега ќе ги брани боите на Фенербахче под водство на Жозе Мурињо.

За Талиска ова не е прв ангажман во Турција бидејќи претходно го носеше дресот и на Бенфика.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани