По поразот од Жалгирис, Струга психолошки се подготвувала за мечот со Будуќност

by
1 минути читање

Стружани се најдоа таму по поразот од Жалгирис кој според тренерот Шпетим Дури оставил голем траг кај фудбалерите поради што морале да работат на психолошката подготовка за мечот со Будуќност.

„Физички немавме проблеми по мечот со Жалгирис, но повеќе работевме на психолошка подготовка на тимот поради начинот на кој го загубивме претходниот меч. Тие пет минути на мечот кој го загубивме со 2-1, нѐ повредија многу, жал ни е што загубивме бидејќи тимот одигра многу добро. И кога го анализиравме мечот јасно се гледаше дека во сите аспекти бевме подобри од противникот, но тоа беше неопростив пад на тимот, пет минути во кои тие го свртеа мечот. Па треба да го заборавиме тој дуел и да се фокусираме за утрешниот меч со Будиќност“, вели тренерот на Струга, Шпетим Дуро.

Тој вели дека Струга има максимална почит за Будуќност.

„Во изминатите денови се потрудивме да добиеме информација преку видеа за последните мечеви на Будуќност. Имаме максимална почит за нив бидејќи тоа е тим со традиција во Црна Гора, тој кој има историја и одиграл стотици меѓународни натпревари, тие се еден од најдобрите тимови од Црна Гора и се шампиони, нашата почит за Будуќност е максимална“.

Струга важи за благ фаворит во двомечот со Будуќност.

„Мило ми е што Струга како млад тим, по два многу добри меча против екипа како Жалгирис, се сметаме за фаворит против Будуќност“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани