Тешко и се пишува
на Италија на Европското првенство во Полска за фудбалери до 21 година, по
поразот од Чешка со 3-1 во второто коло од групата „Ц“.
Сепак, поразот на
младите „Аѕури“ се чини мина во сенка на медиумите, бидејќи главен лик во
приказната од мечот во Тиши беше голманот Џанлуиџи Донарума, кој во последниот
период е на мета на навивачите по одлуката да не стави потпис на нов договор со
Милан.
Навивачи со
транспарент го „поздравија“ младиот голман и му упатија порака.
„Доколку го имаш
Милан во срцето, промени го адвокатот“ – пишуваше на транспарентот кој набргу
потоа беше отстранет од страна на редарите. Сосема е јасно дека покрај
Донарума, на мета на навивачите е истовремено и неговиот агент, мошне
контроверзниот Мино Рајола кој во голема мера влијаеше во одлуката на младиот
голман.
Како за
потсетување, во претходниот меч против Данска каде Италија славеше со 2-0,
навивачи од трибините го полија голот на Донарума со пари, испраќајќи му јасна порака (именета „Доларума“) на 18 годишниот суперталентиран голман.