Фронтменот на Оејзис, Лиам Галагер вели дека од човек од многу висока позиција му кажал дека Манчестер Сити ќе добие парична казна и забрана за трансфери како санкција за прекршување на правилата за Финансиски фер плеј.
Минатата недела пристигна бомба од „островото“, беше објавено дека Манчестер Сити бил прогласен за виновен по 114 од 115 обвиненија за прекршување на правилата за Финансиски фер плеј.
Па изминативе денови имаше многу гласини за тоа што казна ќе добијат „граѓаните“, а ривалите сакаат Манчестер Сити да биде исфрлен во понизок ранг и да остане без титулите освоени во периодот од 2009 до 2018.
Но фронтменот на Оејзис, Лиам Галагер вели душманите ќе останат разочарани.
„Штотуку ми кажа човек на многу, многу висока позиција дека, доколку ја загубиме жалбата, а нема да ја загубиме, ќе добиеме само парична казна и забрана за трансфери. И тоа е се“ – напиша најпознатиот навивач на Манчестер Сити.
Останува да се види каква ќе биде санкцијата, Манчестер Сити сигурно ќе се жали и се очекува процесот да трае со години.
ФОТО: X/Manchester City