Кристијано Роналдо за прв пат по 2008 не одигра ниту една минута на официјален натпревар на Португалија, капитенот по последниот свиреж одби да ги поздрави навивачите и веднаш се упати во соблекувална.
Португалија вчера со 1-2 славеа на гостувањето кај Норвешка во второто коло на Лигата на нации, Жоао Феликс и Гонзало Рамош донесоа нови три бода за момците на Жорж Жесус..
Пресметката во Осло донесе и еден навистина редок момент, Кристијано Роналдо остана на клупата за резерви во текот на целиот натпревар.
Па прв пат по 18 години, Кристијано Роналдо не одигра ниту една минута на официјален натпревар на Португалија, последен пат тоа му се случи во јуни 2008 година.
„Имавме договор да влезе во последните 30 минути, но текот на натпреварот не го дозволи тоа. Гонзало Рамош играше добро, постигна гол, имаше и уште еден што му го поништија, па почувствував дека не е вистински момент да го заменам“ – вели селекторот Жорж Жезус.
„Потоа во завршницата немаше вистински момент за Крис да влезе. Наместо тоа, ни беше потребен друг тип на играч за да го одржиме балансот и да го сочуваме резултатот. Не сметав дека е идеалниот момент, едноставно ми требаше играч со поинакви карактеристики“.
Кристијано Роналдо и на 41 година има натпреварувачки дух, па тешко се помири со ситуацијата и по последниот свиреж веднаш се упати кон соблекувалната, и одби да ги поздрави навивачите за поддршката што му ја дадоа на тимот.
ФОТО: X/Portugal