Репрезентацијата на Република Ирска се најде во необична ситуација пред натпреварот од Лигата на нации против Израел. Поради проблем со голманскиот кадар, меѓу тројцата пријавени чувари на мрежата се најде и дефанзивецот Џими Дан.
Причината за ваквиот потег е повлекувањето на Гевин Базуну кој не сакаше да игра против Израел. Според правилата на УЕФА, секоја репрезентација мора да има пријавено најмалку тројца голмани, па Ирците морале да најдат алтернативно решение.
Така, покрај Кевин Келехер и Макс О’Лири, како трет голман официјално е запишан и Дан, иако неговата природна позиција е во одбраната.
Дан не настапи во последниот натпревар на Ирска, во кој репрезентацијата загуби со 1-0 од Косово, но сега се најде во сосема неочекувана улога.