Нов пораз на Србија, Холандија замина со три бода од Белград! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Србија се покажа во подобро издание од мечот против Грција, но тоа не беше доволно за да се избегне пораз против Холандија, лалињата славеа со 2-1, тоа беше прва победа за нив под водство на Чави Хернандез.

Србија го забележа четвртиот пораз по ред, овојпат загуби на домашен терен од Холандија.

Холанѓаните поведоа со гол на Мердинк од пенал во 30. минута од натпреварот. Тоа беше и резултатот од првото полувреме.

Лука Јовиќ влезе во вториот дел и му беа потребни само неколку секунди за да постигне гол и да израмни на 1-1.

Во 69. минута Мердинк постигна нов гол, овојпат за победа на Холандија од 2-1.

Во овој термин имаше уште еден меч од А дивизијата во Лигата на нации. Данска со 2-0 беше подобра од Велс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×