Според „Скај Спорт Италија“, Мањан е комплетно опоравен од повредата и се очекува конечно да го завземе местото кое во изминатиот период му припаѓаше на Татарушано. Се верува дека тоа ќе се случи во следното коло на дуелот против Аталанта.
Мањан нема натпревар од 22 септември кога заработи мускулна повреда на потколеницата.
Ова е клучниот дел од сезоната за Милан и во Серија А и во Лигата на шампионите каде имаат предност од 1-0 од првиот меч со Тотнем во осминафиналето. Враќањето на Мањан треба да биде значајно освежување за тимот.
Покрај Мањан, подготвени за враќање на теренот се и Бенасер и Ибрахимовиќ кој веќе некое време е на клупата за резерви.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.