593
„Сините“
пристигнаа на Виталити како фаворити за трите бода, но дома се враќаат со
наведнати глави откако Борнмут славеше со 4-0. Па Челси за прв пат по 1996
година загуби меч од Премиерлигата со четири гола разлика.
По тешкиот пораз,
Маурицио Сари превземал драстичен чекор. Според пишувањата на медиумите од
Англија, стратегот го исфрлил својот персонал од соблекувалната и ги заклучил
фудбалерите.
Италијанецот
потоа 50 минути им држел лекција на своите избраници.